Поранешниот фудбалер на Астон Вила и Евертон, Џеј Лојф Семјуел, левиот бек кој забележа голем број настапи во Премиер лигата, загина во сообраќајна незгода.
Долгогодишниот член на Астон Вила настрада во директен судир кој се случи утрово, откако ги одведе децата во училиште.
Веста за трагедијата на 37-годишниот поранешен фудбалер го објави фудбалскиот сојуз.
-Добивме ужасни вести дека нашиот поранешен репрезентативец и играч на Астон Вила и Болтон, Џеј Лојд Семјуел, загина во сообраќајна несреќа во Англија, ова утро, известуваат од Фудбалскиот сојуз на Тринидад и Тобаго
Jlloyd Samuel killed in car crash – reports
➡ https://t.co/E8hvdXlSUh pic.twitter.com/LKZXuyJ5ZE
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) May 15, 2018