петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Израелката Ашрам ја остави Русија без олимписко злато во ритмичка гимнастика

Израелката Ашрам ја остави Русија без олимписко злато во ритмичка гимнастика

Руските гимнастичарки останаа без индивидуално олимписко злато во ритмичка гимнастика за прв пат по 25 години. Последен пат Русинка не освои злато во поединечни натпревари на Игрите во 1996 година.

Денес на Олимпијадата во Токио, златото отиде кај Израелката Лина Ашрам. Таа победи пред Русинката, Дина Аверина која го освои второто место во финалето во поединечни натпревари, а нејзината сестра Арина беше четврта.

Бронзениот медал е за белоруската натпреварувачка, Алина Харанско.