На 09.08.2021 во 14:00 часот, по наредба на Јавен обвинител, во Полициската станица Штип, во врска со пожарот што на 06.08.2021 настанал помеѓу селата Драгоево и Селце, штипско, на разговор бил повикан Е.Е.(43) од с.Селце.
Исто така, по наредба на Јавен обвинител од лицето биле одземени и дадени на вештачење предмети за кои постои сомнение дека биле користени при извршување на делото.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.