петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Младата фудбалска репрезентација мечот со Србија ќе го игра во Охрид

Младата фудбалска репрезентација мечот со Србија ќе го игра во Охрид

Изградбата на новата трибина на стадионот „Билјанини Извори“ е пред сам крај, а во соработка со Фудбалската федерација на Македонија утре ќе започне со уредувањето и на фудбалското игралиште.

Спортските терени на СРЦ „Билјнини Извори“ се од големо значење за градот, затоа што на истите тренираат сите домашни клубови и школи, а наскоро се очекува да се одигра и првиот меѓународен официјален натпревар.

Имено, на седми септември оваа година, Охрид ќе биде домаќин на квалификацискиот натпревар за Светско првенство во фудбал за играчи до 21 година на кој ќе се сретнат селекциите на Македонија и Србија.

Токму тој дуел ќе биде прв домашен на новиот селектор на нашите надежи Драган Канатларовски, кој на клупата го наследи Боби Милевски. Претходно, популарниот Цапар ќе дебитира на гости кај репрезентацијата на Франција.

foto: gol.mk