петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Младата фудбалска репрезентација го “почуствува“ теренот во Кишињев

Младата фудбалска репрезентација го “почуствува“ теренот во Кишињев

Македонската фудбалска репрезентација до 21.година, доцна попладнево го одработи официјалниот тренинг на Арената во Кишињев, каде утре од 17 часот ќе ги одмериме силите против домашната селекција на Молдавија.

За избраниците на селекторот Драган Канатларовски, ова ќе биде трет натпревар во квалификациите во групата-Ц. Досега имаме една победа и тоа над Шведска на гости и пораз дома од Холандија.

Време е значи за втор триумф во овие квалификации.