вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Младинската фудбалска репрезентација ја оствари првата победа во Анталија

Младинската фудбалска репрезентација ја оствари првата победа во Анталија

Македонската репрезентација до 21 година доживеа непријатен и неочекуван пораз од Летонија на отворањето на турнирот во Анталија, но денеска покажа подобро лице и ја оствари првата победа во Турција.

Пријателскиот турнир е дел од подготовните за новите квалификации кои следат, а селекторот Цапар ги испитува силите и денеска може да биде далеку позадоволен од тоа што го виде пред два дена.

Македонија ова попладне одигра против селекцијата на Финска и регуларниот дел заврши со нерешен резултат 1:1, но македонските младинци беа подобри изведувачи на пенали.

Македонија славеше во пенал рулетот со 5:4 и ја запиша првата победа во Анталија, каде обврските не завршуваат и следи меч со репрезентацијата на Словачка.

Натпреварот е закажан за 28-ми март, вторник.