Изборот на падна на највозрасниот во тимот, центарот на Пелистер, Бојан Трајковски, кој воедно има и најдолг репрезентативен стаж од кошаркарите кои во моментов му се на располагање на селекторот Драган Бајиќ.
Македонија турнирот ќе го отвори веќе во среда и тоа со пресметка против Швајцарците, за потоа да игра секој втор ден со оглед што трите репрезентации ќе треба да играат по двапати помеѓу себе.
Пласман во квалификациската фаза ќе обезбедат двете најдобри селекции на крајот.