недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија „Мерцедес“ со италијански регистарски таблички и мопед управуван од малолетник – еве ги деталите

Се судрија „Мерцедес“ со италијански регистарски таблички и мопед управуван од малолетник – еве ги деталите

На 11.08.2021 околу 21.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосница во село Добрејци, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со италијански регистарски ознаки, управувано од Б.М.(20) од с.Сушица и мопед „хонда“, со струмички регистарски ознаки, управуван од малолетно лице од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.