Не дозволувајте лоши информации, инает или неукост да доведат до семејни трагедии.Со пандемијава сите живееме и преживуваме низ колективна траума, порача доктор Горан Кунгуловски на својот фејсбук профил.
-Со пандемијава сите живееме и преживуваме низ колективна траума.
Постојат рестриктивни мерки што може да ја забават пандемијата. Вакцините се единствената алатка којашто може да проба да ни помогне да излеземе како горки победници во оваа колективна траума. Се останато е пораз.
Не дозволувајте лоши информации, инает или неукост да доведат до семејни трагедии.
Имајте општествена и морална одговорност и слушајте наука, напиша тој.