недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца повредени при изградба на објект во Чифлик

Двајца повредени при изградба на објект во Чифлик

Две лица се повредени при изградба на објект во селото Чифлик. Случајот е пријавен вчера попладне во СВР Штип, а како што денеска информира МВР, повредени се сопственикот на објектот К.К. (42) и И.Н. (27) од село Облешево.

Двајцата се пренесени во Општата болница во Кочани при што кај И.Н. се констатирани тешки телесни повреди, а кај К.К. полесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кочани, а за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор.