вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмладиот починат денеска е на само 28 години – од коронавирусот починаа 10 лица

Најмладиот починат денеска е на само 28 години – од коронавирусот починаа 10 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 6.980 тестирањa, а регистрирани се 805 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 240, Гостивар – 138, Тетово – 136, Куманово – 53, Струмица – 50, Кичево – 46, Охрид – 32, Дебар – 18, Битола и Струга – по 15, Велес – 13, Кавадарци – 9, Прилеп и Свети Николе – по 7, Штип – 6, Кочани, Ресен и Радовиш – по 4, Берово и Виница – по 2, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Гостивар – 33, Скопје – 21, Дебар – 10, Куманово – 4, Струмица – 3, Кавадарци – 2, Кичево, Битола, Виница и Кочани – по 1.

Пријавени се 10 починати лица: 4 починати лица од Тетово (53г,72г,72г и 73г), 2 од Кичево (28г и 53г), и по едно починато лице од Гостивар (44г), Скопје (56г), Дебар (86г) и Куманово (60г). Сите починати лица се починати во болнички услови.

Најнови вести