Еден од најдобрите голмани во моментот белгискиот репрезентативец Тибо Куртоа, нема намера да го напушти Реал Мадрид, откако стави потпис на нов договор со „кралскиот клуб“.
Најтрофејниот во Лигата на шампионите на својот веб-сајт го потврди продолжувањето на соработката со првиот голман на тимот. Со тоа Тибо Куртоа на „Сантијаго Бернабеу“ ќе остане до 30 јуни 2026 година, кога ќе има 34 години.
Белгискиот чувар на мрежата во Мадрид пристигна во 2018 година од редовите на Челзи, а сега го продолжи договорот на уште пет сезони.