петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица утрово ограбиле обложувалница во Струмица

Две лица утрово ограбиле обложувалница во Струмица

Две непознати лица утрово околу 4:35 часот извршиле грабеж во обложувалница на улица „Младинска“ во Струмица.

Според МВР, откако двајцата влегле во обложувалницата со закана со нож кон вработениот одзеле пари, а на излегување и физички го нападнале.

Засега не се знае колку пари однеле разбојниците од обложувалницата, а по пријавувањето на настанот во СВР Струмица се преземаат мерки за расчистување на случајот.