понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кина размислува за признавање на талибанската влада?

Кина размислува за признавање на талибанската влада?

Кинеската влада ќе чека формирање „отворена, инклузивна и широко репрезентативна“ влада во Авганистан, пред да донесе одлука за прашањето за признавање на таа влада.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Џао Лиџијан, изјави денеска дека Кина прво мора да почека за формирање влада пред да размисли за нејзино признавање, пишува АП.

– Само после тоа ќе дојдеме до прашањето за дипломатско признавање, рече Џао, додавајќи дека Кина ќе продолжи да поддржува мирна реконструкција на Авганистан и ќе обезбеди помош за економскиот и социјалниот развој на Авганистан.

Џао нагласи дека Талибанците мора да ја исполнат својата обврска да не им обезбедуваат засолниште на терористите или да дозволат било која друга страна да дејствува на нејзина територија, нагласувајќи го исламското движење Источен Туркестан, кое Пекинг го обвинува за напади во својот регион Ксинџијанг, на границата со Авганистан.

Пекинг веќе долго време ги повикува САД да го напуштат Авганистан, но го осуди нивното „избрзано“ повлекување на американските војници поради моменталната нестабилност.

Кина бараше добри односи и со поранешната авганистанска влада и со Талибанците, и кон крајот на минатиот месец беше домаќин на врховниот политички лидер на групата, Мулу Абдул Гани Барадар, кој се состана со кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ли.