петок, 12. април 2024. Вести денес: 0
home Регион

Србија: Нови 1.497 случаи на коронавирусот, шест лица починале

Србија: Нови 1.497 случаи на коронавирусот, шест лица починале

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.497 случаи на ковид-19, а тестирани се 12.818. За жал, уште шест лица починале.

Во моментов има 30 пациенти на респиратор, а 894 се во болница.

Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 736.313 случаи на коронавирусот, а регистрирани се 7.183 смртни случаи.

Тестирани се 4.858.071 примероци.