вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Не починала 19. годишна девојка во Тетово туку жена од 61 година – грешка била направена во матичниот број

Не починала 19. годишна девојка во Тетово туку жена од 61 година – грешка била направена во матичниот број

Седум починати во изминатите 24 часа од 7 часот вчера до утринава во 7 часот бележи ковид центарот во Клиничката болница во Тетово, а меѓу нив најмлада е 19-годишна девојка, информираше утринава координаторот на центарот, д-р Гзим Нуредини.

Но оваа потресна вест за изгаснат млад живот сепак не е точна. Погрешно пренесената информација била поради направена грешка при запишување на матичниот број.

„Нема почината пациентка на 19-годишна возраст во Клиничката болница во Тетово“, велат од Министерството за здравтво.

Информацијата ја коригираше и докторот Гзим Нуредини, координатор на ковид-центарот при Клиничка болница во Тетово, на чија изјава претходно се повикаа повеќе медиуми.

Координаторот Нуредини посочува дека жената имала и претходни заболувања. Таа страдала од дијабетес и имала прекумерна тежина. Поради тоа што била во тешка здравствена состојба, таа била ставена на респиратор за дишење.

Најнови вести