вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТАЛИБАНЦИТЕ ПУКАА КОН ЦИВИЛИ: Луѓето го развеале знамето на Авганистан, а потоа настанал хаос – се слушале рафали од сите страни (ВИДЕО)

ТАЛИБАНЦИТЕ ПУКАА КОН ЦИВИЛИ: Луѓето го развеале знамето на Авганистан, а потоа настанал хаос – се слушале рафали од сите страни (ВИДЕО)

Неколку луѓе беа убиени денеска во градот Асадабад кога Талибанците отворија оган врз луѓето кои го носеа националното знаме за време на собирот по повод Денот на независноста на Авганистан.

Не е познато дали граѓаните се убиени од истрели или во стампедото предизвикано од пукањето, рече еден очевидец, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Талибанците не беше достапен за коментар.