петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Претепани двајца скопјани: Еден во Аеродром пред угостителски објект, другиот во Центар пред фурна

Претепани двајца скопјани: Еден во Аеродром пред угостителски објект, другиот во Центар пред фурна
илустрација

Вчера во 19.46 часот во СВР Скопје, Д.В.(43) од Скопје пријавил дека околу 19.40 часот пред угостителски објект на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од едно лице.

Ноќеска, во 00.30 часот, во СВР Скопје, А.И.(63) од Скопје пријавил дека вчера во 22.30 часот во близина на фурна на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил физички нападнат од Е.Б.(42) од Скопје. Сочинет е запинсик за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од МВР.