недела, 17. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен скопјанец баран со потерница поради изречена мерка притвор

Приведен скопјанец баран со потерница поради изречена мерка притвор

На (19.08.2021) во 08.40 часот полициски службеници од Оперативниот тим Потраги пред трговски центар на подрачјето на Чаир го лишија од слобода А.И.(30) од Скопје за кого била распишана Централна потерница.

-Тој се бара врз основа на наредба од Основно јавно обвинителство во врска со чл.396 ст.2 од Законот за оружје, поради изречена мерка притвор, информира МВР.

Лицето е предадено на Основно јавно обвинителство Скопје.