На 20.08.2021 околу 18.49 часот на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Глигор Прличев“ во Битола, патничко возило „лада“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П.А.(60) од Битола, удрило во пешакот С.А.(55) од Битола.
Во незгодата С.А. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.