среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Челси на прагот на уште едно огромно засилување

Челси на прагот на уште едно огромно засилување

До крајот на трансфер рокот очекувањата се дека лондонскиот фудбалски клуб Челзи ќе да добијат уште едно засилување во средината на теренот кој ќе им се приклучи на Н’голо Канте, Матео Ковачиќ и Жоржињо.

Желба на Тухел беше Деклан Рајс од Вест Хем, меѓутоа преголемите барања за англискиот репрезентативец ги свртеа погледите кон Саул Нигез.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид се наоѓа пред излезните врати на „Ванда Метрополитано“, а англиските медиуми пишуваат и дека Шпанецот бил понуден на Челси, меѓутоа клубот конечната одлука за ангажманот на 26-годишникот ќе ја донесе во следните денови бидејќи како опција се јавува и перспективниот Аурелин Чуамени од Монако.