Вчера во 22.30 часот во СВР Тетово, 22-годишна жителка на Тетово пријавила дека на 20.08.2021 околу 23.00 часот на ул.„Видое Смилевски Бато“, М.А. (32) од Тетово, со кого порано била во љубовна врска, физички ја нападнал и ја однел во неговата куќа, од каде подоцна успеала да замине.
Се работи на расчистување на случајот.