сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тетовец ги нападнал братот, неговата сопруга и малолетна ќерка

Тетовец ги нападнал братот, неговата сопруга и малолетна ќерка

Тетовската полиција вчера добила пријава околу 40-тина минути по полноќ.

-Р.Д.(46) од Тетово пријавил дека околу 23 часот пред нивниот семеен дом, неговиот брат С.Д. физички ги нападнал него, сопругата и малолетната ќерка, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Се расчистува и документира случајот, по што против пријавениот ќе следува соодветен поднесок.