четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

ДОАЃА НЕВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР со предупредување за тоа што следува, еве какво време не очекува до сабота

ДОАЃА НЕВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР со предупредување за тоа што следува, еве какво време не очекува до сабота

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец.

Во четврток времето ќе бие променливо облачно со сончеви периоди. Во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Во сабота времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

УХМР издаде и актуелно предупредување за денеска:

Денес кон крајот на денот и утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Утре и во четврток ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен и западен правец. Изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја ќе има и во четврток.

Најнови вести