Управата на Милвоки реши да го награди тренерот Мајк Баденхолцер потпишувајќи нов договор со овој одличен стратег.
Овој стратег три години го води тимот на Милвоки, период во кој бакс има најдобар скор во лигата (162 победи и 65 порази) и најмногу плејоф-победи во НБА (31).
„Ова беше извонредно патување до врвот на НБА-лигата, а освоената титула само прави да бидеме посвесни колку е тешко да стигнеш до неа. Јасно е дека еден од главните фактори е огромната посветеност на тренер, неговата стручност и решеноста да помогне на секој играч да напредува индивидуално и како дел од колективот. Затоа, бескрајно сме горди што успеавме да потпишеме нов договор со него“, изјави сопственикот на Милвоки бакс, Марк Ласри.