Завршницата од СЕХА ракометната лига во Задар ќе се одигра без присуство на публика поради моменталната епидемиолошка состојба во Хрватска.
Зголемениот број на новозаразени од ковид-19 во Хрватска, посебно во областа на Далмација, беше причина за ваквата донесена одлука на раководството на регионалното натпреварување. Но, доколку ситуацијата се промени во позитивна насока, тогаш на одреден број на гледачи би им бил дозволен влез за финалните натпревари од регионалното натпреварување.