вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Федерацијата го враќа кошаркарскиот Суперкуп, ќе се вика „Драган Василов Цевка“!

Федерацијата го враќа кошаркарскиот Суперкуп, ќе се вика „Драган Василов Цевка“!

Првпат по пауза од пет години, во македонската кошарка ќе се игра Суперкупот со кој официјално ќе биде отворена новата сезона.

Од 2000 година досега, се играа осум изданија од ова натпреварување, но последен пат се одржа во 2016 година кога МЗТ Скопје го победи Карпош Соколи со 87-84. Раководството на Федерацијата најавува дека во иднина ќе биде традиционално, а ќе го носи името „Драган Василов Цевка“.

„Со овој настан официјално ќе го означиме почетокот на новата сезона, а во исто време, ќе ѝ оддадеме почест на уште една македонска тренерска легенда, по Благоја Георгиевски Буштур чие име го носи Купот на Македонија“, изјави Генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски.

Во Суперкупот учествуваат шампионот и освојувачот на Купот, но бидејќи МЗТ Скопје ја освои двојната круна, аеродромци ќе се сретнат со Работнички што значи дека новата сезона ќе почне со најголемото дерби во македонската кошарка.