четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси дебитираше за ПСЖ, Мбапе во елемент со два гола (ВИДЕО)

Меси дебитираше за ПСЖ, Мбапе во елемент со два гола (ВИДЕО)

Аргентинскиот фудбалер Лео Меси ги одигра првите минути во дресот на ПСЖ, а победата ја донесе Килијан Мбапе кој ги постигна и двата погодоци.

Меси мечот го почна од клупата за резерви, во игра влезе во 66. минута на местото од Нејмар. Херој на ПСЖ беше Мбапе кој нејасно е дали ќе остане и оваа сезона во тимот или во наредните денови ќе се пресели во Реал Мадрид.

Резултатот беше отворен во 16. минута кога по асистенција од Ди Марија, Мбапе погоди за водство од 1-0. Во 51. минута Ремс постигна гол, но ВАР им го поништи поради офсајд.

Вториот погодок Мбапе го постигна во 63. минута по асистенција од Хакими.