среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Огнените јазици буквално ја проголтаа цела зграда во Милано: Градоначалникот со потресни зборови се огласи, „ова е неприфатливо“ (ВИДЕО)

Огнените јазици буквално ја проголтаа цела зграда во Милано: Градоначалникот со потресни зборови се огласи, „ова е неприфатливо“ (ВИДЕО)

Градоначалникот на Милано денеска побарал одговори на прашањето зошто пожарот толку брзо ја проголтал станбената зграда, растопувајќи ја нејзината фасада, како во случајот со пожарот во Гренфел Тауер во Лондон пред четири години, кога загинаа 71 лице.

Пожарникарите изјавиле дека сите станари успеале да побегнат од 18-катната зграда на југот на Милано, која во неделата попладнето беше проголтана од пожар.

Очевидците велат дека пожарот, кој почнал на 15-тиот кат, брзо напредувал по фасадата.

„Зградата е изградена пред нешто повеќе од 10 години и неприфатливо е толку модерна зграда да биде толку чувствителна“, напишал градоначалникот Бепе Сала на Фејсбук.

-Од почетокот беше јасно дека надворешната облога на зградата изгоре пребрзо, на начин кој потсетува на пожарот во Гренфел Тауер во Лондон пред неколку години, додал тој.

За големиот број на смртни случаи во тој пожар обвинети биле панелите на надворешните облоги, направени од запалив материјал.

Сопствениците на становите во слични згради во Британија после тоа морале да ги отстранат тие панели, што чинело милијарди долари.