вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Роналдо во Јунајтед две години – „Ѓаволите“ му посакаа добредојде

ОФИЦИЈАЛНО: Роналдо во Јунајтед две години – „Ѓаволите“ му посакаа добредојде

Манчестер Јунајтед на својата интернет страна објави дека со поранешниот играч Кристијано Роналдо потпишале две годишен договор, со можност за продолжување на уште една година.

Во претходниот настап за Јунајтед тој постигна 118 голови и одигра 292 натпревари.

-Ви недостасуваат зборови за да го опишете Роналдо. Тој не само што е неверојатен играч, туку е и добар човек. Да имаш желба да играш и да можеш да играш со тоа топ темпо толку долго време треба да си навистина посебен човек. Не се сомневам дека ќе продолжи да не изненадува. Неговото искуство ќе биде значајно за помладите играчи во екипата. Среќен сум што се врати дома, истакна тренерот Оле Гунер Солскјер.

-Манчестер Јунајтед е клуб кој секогаш имал специјално место во моето срце. Бев трогнат од сите пораки кои ги добив по објавата во петокот. Не можам да дочекам да заиграм на „Олд Трафорд“, пред полн стадион да ги видам сите навивачи. Едвај чекам да му се приклучам на тимот по интернационалните игри и се надевам на многу успешна сезона, вели Роналдо.

За трансферот на португалската фудбалска ѕвезда, Манчестер јунајтед ќе му исплати на Јувентус 15 милиони евра во следните пет години, а износот би можел да биде зголемен за дополнителни осум евра во зависност од ефектот на Роналдо во дресот на „црвените ѓаволи“.

Договорот предвидува можност соработката меѓу Јунјатед и Роналдо да биде продолжена за уште една година, до лето 2024 година.

ШТО ИМА ОСВОЕНО КРИСТИЈАНО РОНАЛДО НА КЛУПСКО НИВО?

Златна топка (5): 2008, 2013, 2014, 2016, 2017.

Шампион на Англија (3): 2007, 2008, 2009

ФА Куп (1): 2004

Лига Куп (2): 2005, 2006.

Лига на шампиони (1): 2008.

Светско клупско првенство (1): 2008.

Шампион на Шпанија (2): 2012, 2017.

Куп на Шпанија (2): 2011, 2014.

Лига на шампиони (4): 2014, 2016, 2017, 2018.

Европски Супер куп (2): 2014, 2017.

Светско клупско првенств (3): 2014, 2016, 2017.

Шампион на Италија (2): 2019, 2020.

Куп на Италија (1): 2021.