СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 25.08.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, како и во неговото патничко возило, при што пронашле и одзеле хероин.