вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мнозинството луѓе во САД веруваат дека Вашингтон не успеа да ја постигне својата цел во Авганистан

Мнозинството луѓе во САД веруваат дека Вашингтон не успеа да ја постигне својата цел во Авганистан

Мнозинството луѓе во САД веруваат дека Вашингтон не успеа да ја постигне својата цел во Авганистан. Ова покажува социолошка студија на Институтот Пју, јави ДПА. Има мала разлика помеѓу ставовите на демократите (69 проценти) и републиканците (70 проценти), кои веруваат дека американската мисија е неуспешна.

Постојат јасни разлики во проценката за целосно повлекување на американските војници од Авганистан: 70 проценти од демократите го поддржуваат, но републиканците – само 34 проценти.

Вкупно 54 проценти од возрасните во САД веруваат дека одлуката за повлекување на војниците е правилна, а според 42 проценти е погрешна.Анкетирани биле 10.348 возрасни лица во периодот 23-29 август.