вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Познат терминот на одигрување на мечот во Задар помеѓу Мешков Брест и Вардар

Познат терминот на одигрување на мечот во Задар помеѓу Мешков Брест и Вардар

Македонски шампион Вардар 1961 со елиминацијата на ППД Загреб остана единствениот тим во историјата на СЕХА лигата, кој не пропуштил ниту еден настап на завршните турнири во десетгодишната историја на регионалното ракометно натпреварување.

Со пет трофеи и уште три натпревари во финале, македонскиот тим, воедно, е и најуспешната екипа во историјата на СЕХА лигата. За деветто СЕХА финале Вардар ќе мора да биде поуспешен во полуфиналната пресметка в петок во Задар против белорускиот шампион Мешков Брест.

Петок:
Полуфинале:

18:00 – Вардар 1961 – Мешков Брест
20:30 – Веспрем – Мотор Запорожје

Недела:
19:00 – Натпревар за трето место
20:30 – Финале

Сите натпревари ќе се играат пред празни трибини и само со официјални лица во салата.