СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(33) од с.Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, „Кражба“ и „Спречување на докажување“ и против П.Т.(28) од с.Мешеишта поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“ и „помагање на сторител по извршено кривично дело“.
На 31.08.2021 во с.Мешеишта, првопријавениот со товарно возило превезувал огревни дрва и кога полициски службеници дале знак за запирање тој со возилото тргнал кон нив и се обидел да ги прегази.
После тоа кога се исклучил од патот, го оштетил возилото за да не му биде одземено, а второпријавениот му помагал и ги попречувал полициските службеници во извршувањето службени дејствија.