вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Четири лица од Куманово кривично ќе одговараат бидејќи го прекршиле полицискиот час

Четири лица од Куманово кривично ќе одговараат бидејќи го прекршиле полицискиот час

СВР  Куманово поднесе кривична пријава против Р.М.(25), Ј.И.(19), Т.М.(25) и Д.Ј.(50), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените, во периодот од 12.04.2021 до 12.06.2021, за време на забрана за движење биле затекнати од полициски службеници како се движат без дозвола за движење.