вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Наместо реформиран закон за канабис, Заев нуди вдомување на своите кадри

Наместо реформиран закон за канабис, Заев нуди вдомување на своите кадри

Измените  и дополнувањата на Законот за опојни дроги и психотропни супстанции кој беше донесен во 2016 година се влезени во собраниска процедура откако го поминаа владиниот филтер. Законот е украсен со европско знаменце за да може што поглатко, без многу расправа и полемизирање да биде изгласан во Собранието и да стане составен дел на македонскиот правен систем. Во Законот има неколку мали и безначајни измени кои битно не влијааат на неговото применување во пракса меѓутоа има и две измени кои мислам дека  значајно ја менуваат идејата, замислата и практичната примена на ова законско решение.

Законот во 2016 година беше предложен и изгласан во Собранието со подршка од сите пратенички групи со образложение дека канабисот ќе се легализира за медицинска употреба т.е. за негова примена во медицината и за потребите на медицинската наука. Целта беше да се одгледува канабис под строго утврдени критериуми, да се преработува во македонската фармацевтска индустрија и во вид на готов производ , масло од канабис со висок квалитет да се извезува ширум светот.

Меѓутоа,  сега ни се нуди законско решение во кое навидум има малку измени од кои најзаначајни се:  формирање на сосема нова државна институција покрај постоечката  Агенција за  лекови и медицински средства  (МАЛМЕД),  а тоа е  Агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели која мислам дека е непотребна затоа што Агенцијата за лекови има доволно стручен, професионален и едуциран кадар кој може да ги извршува сите дејствија кои ќе бидат поврзани со одгледувањето на марихуаната и проиводство и дистрибуцијата на екстрактите од канабисот.

Според мене, со формирањето на Агенцијата само непотребно ќе се зголеми бројот на административци , како што се директор и заменик директор и бројни извршители за кои ќе треба да се обезбедат средства од Буџетот и со формирањето само ќе поттврдиме дека ние како држава во недостаток на идеи  за развој на економијата го избираме полесниот пат за полнење на Буџетот и развој на економијата а тоа е, развивање и форсирање индустрија  на  суровини за  производство на опојни супстанции.

Втората измена е дозволата на извоз и увоз на делови од растението канабис со посебен акцент на сушениот цвет од марихуаната. Со ваквата законска одредба ние ја менуваме првичната замисла за донесување на Законот и се претвораме во  оаза за производство и дистрибуција( увоз-извоз) на сушен цвет што е далеку од првичната замисла за развој на фармацевтската индустрија и производство на готови производи. Ваквото решение оди во прилог на одгледувачите на канабис а никако во прилог на развој на економијата на државата. Ќе се претвориме во нарко – држава која само одгледува и продава а ништо не произведува, односно, немаме производство  на готов производ туку само суровина која се извезува и од тоа профитираат одгледувачите. Со новиот Закон тие ќе треба да уплааат 10 % од добивката на сметка на Буџетот на државата. Во претходното законско решение тој процент беше 20 %.

Што е следното ?

„Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната“, порача премиерот Зоран Заев, чии проценки се дека идната година би можеле да се заработат околу 250 милиони евра од производство на канабис за медицинска употреба, додека ако се легализира за развој на туризмот и угостителството – би можеле да се слеат уште стотици милиони евра во буџетот.

„Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојните дроги и даде можност во делот на медицинскиот канабис да се извезува, покрај естрахирано масло и сушен цвет, проценката за 2021 година е 250 милиони евра од производство за медицински употреби, исклучително за извоз“, изјави премиерот Зоран Заев. Според него, покрај извозот на сушен цвет, државата може да ја легализира марихуаната за развој на туризмот и угостителството и така во буџетот да се слеваат уште стотици милиони евра. (Изјава на премиерот Заев за Дојче веле на македонски јазик).

На пат сме да се претвориме во нарко дестинација во која ќе се собираат оние кои сакаат  јавно, слободно и без ограничување да користат канабис и за тоа да не бидат спречувани или евентуално  санкционирани.

Треба да се размисли и да се реагира навремено за потоа да не ги решаваме последиците кои од тоа ќе настанат.

Пишува  д-р Андон Чибишев