четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Победи на Куманово и ТФТ на првиот ден од меморијалниот турнир “Анте Дуковски”

Победи на Куманово и ТФТ на првиот ден од меморијалниот турнир “Анте Дуковски”

Куманово дојде до неверојатен триумф на дуелот против Академија ФМП во рамките на првиот меч од групата В на меморијалниот турнир во чест на Анте Дуковски.Со серија од 11-0 во последните две и пол минути, кошаркарите на Куманово славеа со 66-71.

Ова беше далеку понеизвесен натпревар за разлика од оној во “Кале”, најави и тоа како интересна сезона.

Џозев заврши како прв стрелец во тимот на Куманово со 22 поена, три повеќе од Зивчевиќ, кај Академија ФМП Кошанин и Крстајиќ имаа по 22 поени.

ТФТ со победа го отвори меморијалниот турнир во чест на „Анте Дуковски“. На првата средба во групата А, ТФТ кој заедно со Академија ФМП се организатори на овој турнир, го совлада Феникс со убедливи 88-73.

Дебитантот пружи силен отпор иако крајниот резултат тоа не го говори. По водството на домаќинот од 25-12, кошаркарите на Феникс одиграа одлично во втората четвртина, па на одморот намалија на 38-32.

Интересно беше и во третата четвртина во која ТФТ успеа да го скрши отпорот на противникот пред самиот крај, а потоа да дојде до триумф. Хортон постигна 16 поени и 10 скока, на другата страна Морган и Кларк имаа по 22 поени.