недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Светот VS. Македонија: Оставки на министри и цели влади за несреќи наспроти изрази на сочувство и прогласување тридневна жалост

Светот VS. Македонија: Оставки на министри и цели влади за несреќи наспроти изрази на сочувство и прогласување тридневна жалост

Пожари и останати несреќи во светот, особено каде имало човечки жртви резултирале со оставки од министри, гувернери, одговорни лица. Паѓале и цели влади.

Во Македонија вчера во пожар во модуларна ковид болница животот го загубија 14 лица, а 12 се повредени. Додека Владата и надлежните уверуваат дека институциите си ја работат работата и ги утврдуваат причините за голмата трагедија во Тетово, граѓаните бараат одговорност. Освен обраќање преку соопштенија до овој момент никој од Владата не даде изјава, ниту одржа прес-конференција.

За потсетување романскиот премиер Виктор Понта најави оставка по пожарот во ноќен клуб во Букурешт кога загинаа 32 лица.

Пред три години поради пожарите во Грција во кои животот го загубија околу 90 лица, „паднаа“ четири оставки. Оставка поднесе генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Јанис Капакис, надлежниот министер за цивилна заштита на Грција, а сменети беа сменети началниците на противпожарната служба и полицијата.

Во пожарот кој во 2018 година избувна во трговски центар сибирската област Кемерово, загинаа загинаа 64 лица. Аман Тулеев, долгогодишниот гувернер Кемерово поднесе оставка. Тулеев изјави дека поднесувањето на оставката од функцијата гувернер е исправна, совесна и вистинска одлука по несреќата во трговскиот центар во градот Кемерово.

Пред само десетина дена оставка поднесе и казахстанскиот министер за одбрана Нурлан Јермекбаев. Неговата оставка следуваше само неколку дена откако во пожар и серија експлозии во магазин за оружје загинаа 15 војници и пожарникари. Десетици луѓе беа повредени во експлозиите, а иако причината за пожарот тогаш се уште не беше позната, одговорноста беше понесена.

„Целата влада поднесе оставка“. Ваквата беше изјавата на министерот Хамад Хасан во обраќање пред новинарите кој истакна дека премиерот на Либан, Хасан Даиб во претседателската палата ќе ја предаде официјалната оставка на владата. Оставката на Владата следуваше откако во голема експлозија во Бејрут загинаа над 160 луѓе.

Во Македонија на граѓаните од Владата им беше изразено сочувство за трагедијата и беше донесена одлука за прогласување тридневна жалост.

Најнови вести