Граѓаните се револтирани по вчерашниот пожар кој избувна во модуларната болница за ковид пациенти во Тетово, а во кој според досега официјалните информации животот го загубија 14 лица.
Премиерот Зоран Заев синоќа на социјалните мрежи изрази сочувство со семејствата на починатите и истакна дека причините за пожарот ќе бидат утврдени.
-Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово, објави вчера Заев.
Граѓаните во коментари под оваа објава му порачаа дека одговорност за ваквата голема трагедија мора да има и дека очекуваат владата да си поднесе оставка.
За денеска во 10 часот е најавена вонредна владина седница за пожарот во Тетово.