вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од Владата тврдат дека Република Илинденска Македонија е задоволително за двете страни: Никогаш не сме биле поблиску до решение

Од Владата тврдат дека Република Илинденска Македонија е задоволително за двете страни: Никогаш не сме биле поблиску до решение

Одлуката на премиерот Зоран Заев да прифати предлог за промена на името и уставот на државата без консултации со опозицијата и експертите, а и криејќи од јавноста, предизвика негодувања кај јавноста.

Од Владата пак велат дека Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност за компромис кој ги задоволува двете страни. Очекуваме дека предлогот ќе биде разбран и ќе најде поширока поддршка во Атина.

-Со ова име, правиме целосно разграничување со регионот Македонија во Грција. Разграничување од секој аспект. Илинденското востание е заедничка борба на нашиот мултиетнички народ за социјални права и слободи. И нема никакви територијални аспирации према ниту една соседна земја, вклучително и Грција. Тоа е истата борба, и во 1903 и во 1944 година, се вели во денешното соопштение на Владата.

Од Владата велат дека Република Македонија и граѓаните на Република Македонија немаат никакви територијални претензии и ги потврдуваат неменливоста на границите и почитувањето на наследството на грчкиот народ и Грција.

-Владата на Република Македонија ќе ги продолжи разговорите со Владата на Република Грција се до изнаоѓање дефинитивно решение на 25-годишниот спор. Никогаш не сме биле поблиску до решение, а пријателството меѓу двете земји и двата народи никогаш не било поголемо. Ќе ги вложиме сите напори да извлечеме максимум од овој позитивен историски момент за двете држави, се вели во соопштението.

Најнови вести