вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Тони Кукоч влезе во „Куќата на славните“

Тони Кукоч влезе во „Куќата на славните“

Поранешниот кошаркар на Чикаго Булс Тони Кукоч ќе стане нов член во „Куќата на славните“.

Во пресрет на вечерашната церемонија на инаугурацијата на шеснаесетте нови членови во Нејсмит Меморија – „Кошаркарската куќа на славните во Спрингфилд“,

НБА лигата на својата интернет страница објави дека еден од кошаркарите кои ќе ја имаат таа чест е и хрватската легенда.Сплитскиот кошаркар, покрај блескавата кариера во НБА лигата, исто така е и освојувач на сребрениот медал на Олимписките игри во Сеул во 1988 година, откако во финалето Југославија беше поразена од Советскиот Сојуз.

Кукоч синоќа одржа и прес-конференција на која зборуваше за неговата кариера, како и за соработката со Мајкл Џордан, кој ќе биде водител на вечерашната церемонија.