вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кражба во куќа во Гостивар: Украдени 20.000 евра

Кражба во куќа во Гостивар: Украдени 20.000 евра

Крадци од куќа во Гостивар вчеравечер одзеле над 20 илјади евра додека домаќините биле излезени од домот.

Според СВР Тетово, тешката кражба се случила вчеравечер на 19 мај во периодот од 18 до 1 часот и 45 минути по полноќ на улица „Балиндолска“ во Гостивар. Во овој период, засега непознати сторители провалиле во куќата на гостиварецот С.Б. (51). Во внатрешноста влегле откако го скршиле прозорецот во приземјето и од две места во кујната и спалната одзеле вкупно парични средства во износ од милион и 200 илјади денари.

По пријавувањето полицијата извршила увид и работи на расветлување на случајот и на откривање на сторителите.