На 13.09.2021 во Полициската станица Карпош, вработена во Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено здравје пријавила дека од Организациската единица Козле се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(14) од Куманово.
Посочиле дека тој и претходно се оддалечувал од установата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.