среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИНА КИНА: СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО ТЕК – има загинати, преживеаните се бараат под рушевини (ВИДЕО)

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИНА КИНА: СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО ТЕК – има загинати, преживеаните се бараат под рушевини (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди провинцијата Сечуан во југозападна Кина. Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во силен земјотрес.

Според локалните медиуми, земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.

Во земјотресот биле уништени бројни куќи, а штетите се огромни. Властите соопштија дека активирале одговор од втор степен на итни случаи. Во тек е спасувачка операција за потрага по преживеани под урнатините.

Да потсетиме, Сечуан беше погоден од земјотрес со јачина од 7,9 степени во мај 2008 година, во кој загинаа речиси 90.000 луѓе.