Кошаркарската јавност со големо жалење и тага се простува од Душан Ивковиќ кој ова утро почина во Белград на 77-годишна возраст, а едни од најпогодените секако се играчите кои во своите кариери остварија огромни успеси со прославениот трофеен стручњак.
Популарниот Дуда остави неверојатно кошаркарско наследство за многу следни генерации, но најмногу ќе се паметат деновите кога беше селектор на моќната Југославија во која играа Дражен Петровиќ, Тони Кукоч, Владе Дивац и Дино Раѓа.
Ивковиќ ги освои европските првенства во 1989 и 1991 година, но и светското кое се играше измеѓу овие два турнира, натпреварување од кое не беше дел Дино Раѓа поради скршеница на ногата.
Неповторливиот Хрват со емотивна порака ја проследи тажната вест која пристигна од Србија, а која тој ја чул во моментот кога го вклучил својот телефон во Америкја.
– Го вклучив телефонот во Америка и видов 300 пораки и повици. Одма знаев дека е некое срање. Тажна вест, си замина Дуда Ивковиќ, еден од оние посебни тренери кои ја одбележаа мојата кариера. Вистински магионичар, цврста рака и големо знаење.
– Меѓусебно многу се почитувавме, иако освен четирите години во репрезентацијата, бевме исклучиво клупски ривали. Имаше и провокации на теренот, но надвор од него само РЕСПЕКТ. Почивај во мир Дуда, – порача Раѓа.