понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Емотивен фудбалски викенд полн со солзи: Три големи легенди се збогуваа со своите клубови (ВИДЕО)

Емотивен фудбалски викенд полн со солзи: Три големи легенди се збогуваа со своите клубови (ВИДЕО)

Викендот кој е веќе зад нас, може да кажеме дека е еден од најемотивните викенди во фудбалската историја, три големи легенди се збогуваа од своите клубови.

Во саботата од својот Јувентус се збогуваше капитенот Џанлуиџи Буфон, тој во 63-тата минута ја напушти играта на теренот во Торино, при што предизвика солзи во очите на сите на стадионот.

Другите две збогувања пак беа во Шпанија. Може да се каже дека шпанскиот и европскиот фудбал никогаш повеќе нема да бидат исти.

Фернандо Торес го одигра својот последен меч за Атлетико Мадрид, а Андрес Иниеста за Барселона. Тие двајца, исто како и Буфон беа испратени со овации од фановите на стадионите каде поминаа најголем дел од своите кариери.

И како некој да пишуваше совршено сценарио за последниот натпревар на популарниот Ел Нињо во дресот на Атлетико, каде ја носеше и капитенската лента, Даде два гола на Ванда Метрополитан, кои сепак беа доволни само за реми од 2:2 со Еибар.

Торес ерата во Атлетико ја заврши со 129 гола, низ кој започна уште во 2001 година во втората лига. Играше за мадридскиот им до 2007 година, па после епизодите во Ливерпул, Челзи и Милан, во 2015 година се врати дома.

Емотивно вчера беше и на Камп Ноу, каде на вечниот капитен Иниеста пред стартот на мечот со Сосиедад му беше приредени спектакуларна кореографија со порака: „Иниеста засекогаш“.

Андрес го напушта каталонскиот клуб после 673 натпревари, 22 години и 17 сениорски сезони, во текот на кои освои импресивни 32 трофеи. Кариерата веројатно ќе ја заврши во јапонскиот прволигаш Висел Кобе, чиј сопственик е главен спонзор на Барселона.

Барселона сезоната ја заврши со победа од 1:0, а стрелецот на единствениот гол беше Кутињо во 57 минута.