среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Нов СКАНДАЛ: Навивачите на Партизан со нова меѓусебна пресметка (ВИДЕО)

Нов СКАНДАЛ: Навивачите на Партизан со нова меѓусебна пресметка (ВИДЕО)

Навивачите на Партизан се пресметаа на трибините на натпреварот против Ефес.

Според српските медиуми, тепачката меѓу навивачите на белградскиот клуб започнала на крајот од третата делница, а причините за конфликтот не се познати.

Се претпоставува дека ова се повторно проблеми помеѓу навивачките фракции на белградскиот клуб, кои траат со години.

Остатокот од салата ги исвирка настаните меѓу навивачите, а повторно се слушнаа препознатливи пораки за претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Новица Величковиќ, долгогодишен член на клубот, се прости од црно -белиот дрес и доби овации од полната сала.

Партизан го совлада актуелниот европски шампион со резултат 92:85 и покажа дека оваа сезона, предводена од славниот Жељко Обрадовиќ, ќе биде главниот кандидат за освојување на АБА -лигата.