Кошаркарската АБА2 лига и во сезона 2021/22 ќе се игра во „балони“, откако регуларниот дел ќе брои 13 кола а натпреварите ќе се одиграат на пет турнири.
Првиот турнир ќе се одржи во Златибор од 10 до 14 октомври, вториот на програмата ќе биде од 8 до 12 ноември во Осиек, треиот ќе се игра од 13 до 19 декември во Сараево, четвртиот е закажан во периодот од 17 до 23 јануари 2022 во Бања Лука, а завршницата ќе биде во Широки Бријег од 21 до 27 март 2022 година.
Осумте најдобри екипи ќе обезбедат место во плеј-офот, кој ќе се игра според „фајнл-ејт“ турнир на една средба и тоа во Белград.
Македонија оваа сезона ќе има два учесника во регионалното натпреварување, а дуелот помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер е закажан за 3. коло, односно вториот турнир во Осијек.
Распоред на натпреварите:
1. КОЛО
МЗТ Скопје – Младост Земун
Ловќен – Пелистер
2. КОЛО
Рогашка – МЗТ Скопје
Пелистер – Сутјеска
3. КОЛО
МЗТ Скопје – Пелистер
4. КОЛО
Осијек – МЗТ Скопје
Пелистер – Војводина
5. КОЛО
МЗТ Скопје – Хелиос
Широки – Пелистер
6. КОЛО
Спарс – МЗТ Скопје
Пелистер – Борац БЛ
7. КОЛО
МЗТ Скопје – Ловќен
Златибор – Пелистер
8. КОЛО
Пелистер – Младост
Сутјеска – МЗТ Скопје
9. КОЛО
МЗТ Скопје – Подгорица
Рогашка – Пелистер
10. КОЛО
Подгорица – Пелистер
МЗТ Скопје – Војводина
11. КОЛО
Широки – МЗТ Скопје
Пелистер – Осијек
12. КОЛО
Хелиос – Пелистер
МЗТ Скопје – Борац БЛ
13. КОЛО
Златибор – МЗТ Скопје
Пелистер – Спарс
Фото: МЗТ Скопје