понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

ТАЖНА ВЕСТ: Почина најголемиот балкански текстописец Марина Туцаковиќ

ТАЖНА ВЕСТ: Почина најголемиот балкански текстописец Марина Туцаковиќ

На 67 години по долго и тешко боледување почина најголемиот балкански текстописец Марина Туцаковиќ, потврди за Телеграф.рс нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута.

Вистина е, не ме прашувајте. Ви благодарам на разборањето, рекол кусо за Телеграф.

Најпознатата балканска текстописка Марина Туцаковиќ од вторникот беше хоспитализирана. Покрај тешката малигна болест со која Туцаковиќ се бори со години, сега коронавирусот дополнително ја загрози нејзината здравствена состојба.


Според зборовите на директорот на клиниката каде што е сместена, таа е и понатаму во животна опасност.

Некаде прочитав дека Марина веќе не е на респиратор, жената е во екстремно тешка состојба, првенствено поради својата малигна болест, а ковидот само дополнително ја загрози. Жена во таква состојба и обичен грип би ја уништил, а не вакво нешто, рекол професорот Савиќ.

Дека Марина е во многу лоша состојба пред неколку дена објави и нејзиниот син, кој ја повика јавноста да се моли за неа.

Најнови вести