Според најновите информации во соседна Србија состојбата со епидемијата се влошува. Имено, денеска се регистрирани 7.232 нововзаразени со корона вирус, а починаа 38 пациенти.
Бројот на заболени кои се лечат во болница изнесува 4.837, додека 188 се на респиратор. Тестирани биле 25.014 лица.